КОЧАНИ ДОМАЌИН НА 48-ТО ИЗДАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ „МАКЕДОНСКИ БИСЕР“

Во Спорт
јуни 24, 2024
1 минути

По тринаесет години пауза, во организација на Федерацијата на боречки спортови на Македонија  а со техничка организација на БК „Спартак“,, Кочани годинава повторно ќе биде домаќин на Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“.

Како што е најавено 48-то издание на „Македонски бисер“ ќе се одржи во Сабота (29.06.2024 година) во Спортската сала на ООУ „Никола Карев“ – Кочани со почеток во 11:00 часот.

Меѓу осумдесетте пријавени борачи,  освен од Македонија својот настап го најавија и борачи од Србија, Косово, Албанија, Грција, Романија и Бугарија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ