КОЧАНИ ДОМАЌИН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

март 25, 2024
1 min read

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во соработка со Боречката Федерација на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Општина Кочани, Кочани ќе биде домаќин на „Државното првенство во борење за основните училишта во машка и женска конкуренција“.

Државното првенство ќе се одржи на 29-ти Март 2024 година (Петок) во салата на ООУ „Никола Карев“ во Кочани со почеток во 10:30 часот.

Момчињата ќе настапат во 11 категории, а девојчињата во 6 категории.

Натпреварувањето е во формат на Куп систем со репасаж во категориите со пет и повеќе пријавени натпреварувачи.

Право на настап имаат редовни или вонредно запишани ученици во основните училишта во учебната 2023/2024 година, родени 2008 година и помали.

Пријавувањето на учесниците е дозволено да се достави до регистрационите центри најдоцна до 27.03.2024 година (Среда) до 15:00 часот.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ