КОЧАНИ ДОМАЌИН НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО БОРЕЊЕ

март 21, 2022
0 min read

Од денес па се до заминувањето на Европското Првенство Кочани ќе биде домаќин на Репрезентацијата на Македонија во борење.

Владимир Егоров (57), Бесир Алили (61), Фати Весејли (70), Дејан Митров (79) и Могамедгаџи Нуров (97) заедно со селекторот Бобан Данов во „градот на оризот“ ќе го поминат последниот филтер пред почетокот на Европското Првенство кое од 28 до 30 март ќе се одржи во Будимпешта (Унгарија).

Тренинзите ќе се одработуваат во салата на БК „Спартак“ а со репрезентативците на Македонија ќе тренираат и некои од борачите на најтрофејниот клуб на Кочани кои воедно ќе им спарингуваат.

С. Ивановски