СРПСКИОТ ПРВОЛИГАШ ПРЕСИЛЕН ЗА „ОСОГОВО“

Во Спорт
февруари 6, 2022
1 минути

На терените на СЦ „Истатов“ во Стар Дојран „Осогово“ го одигра и вториот контролен натпревар во рок од 24 часа. Противник на кочанчани им беше прволигашот „Раднички“ од Сремска Митровица (Република Србија).

Екипата на српскиот прволигаш беше далеку подобар противник од „жетварите“ за што сведочи и конечниот резултат од 0:4 (0:3).

Играчите на „Раднички“ кои по завршувањето на есенскиот дел се на 8-мото место во Првата лига на Србија играа течно со доста додавања го освојуваа просторот и што е најважно за нив беа ефикасни во завршницата од акциите.

Тренерите на полувремето направија неколку замени што се одрази на ефикасноста во вторите 45 минути.

С. Ивановски