КПС „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ УСПЕШНО ГО ПОЛОЖИ ИСПИТОТ СО ЗИМСКАТА ТРКА „NEBOJANI TRAIL“

Во Спорт
јануари 22, 2024
1 минути

Позитивните коментари споделени на социјалните мрежи јасно покажуваат дека Клубот за планински спортови „Осоговски орел“ од Кочани одлично го положил испитот со организирањето на зимската трка „Nebojani trail“.

Трката се одржа во неделата а стартот и целта на истата беше месноста Крушка . Патеката изнесуваше 19,5 километри со висинска разлика од 900 метри со вкупно 83 натпреварувачи кои беа поделени во две категории: планинско трчање и одење со планинарски стапчиња.

Во „Планинското трчање“ кое имаше натпреварувачки карактер учествуваа 31 натпреварувач во машка и женска конкуренција. Кај девојчињата првото место го освои Марија Пеликон (2:09 часа) пред второпласираната Валентина Узунова (2:24) и третопласираната Валентина Павловска (2:31).

Кај момчињата во една крајно интересна и неизвесна трка првото место сосема заслужено му припадна на Златко Николов (1:44) пред Никола Павлов (1:46) и Срѓан Милошевски (1:47).

Марта Ивановска со 7 години беше најмладата натпреварувачка а  највозрасен натпреварувач беше Бале Брзи кој патеката ја помина за 2 часа и 10 минути.

Во категоријата „Одење со планинарски стапчиња“ која имаше ревијален карактер, учествуваа вкупно 52 натпреварувачи во машка и женска конкуренција.

На сите учесници организаторот на трката им врачи признанија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ