КЛУБОТ РЕАЛЕН АИКИДО „НИКО“ ОТВОРИ СЕКЦИЈА ВО ООУ „МАЛИНА ПОПИВАНОВА“

Во Спорт
септември 14, 2023
0 минути

Со поддршка на Аикидо Федерацијата на Македонија и Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, од средата навечер во салата при ООУ „Малина Попиванова“ во Кочани започна со работа ново отворената секција на Клубот за реален аикидо „Нико“ од Кочани. На првиот тренинг секцијата броеше околу триесетина нови членови кои во главно гравитираат на овој дел од градот.

Тренинзите кои во салата на ООУ „Малина Попиванова“ ќе се спроведуваат во Понеделник и Среда од 19:30 часот ќе ги водат Кирил Јованов и Кирил Апостолов, мајстори втори дан во клубот реален аикидо „Нико“ – Кочани.

Цела на отворањето на новата секција не е само да ги прифати заинтересираните од овој дел на градот, туку е и да се зголеми масовноста на овој спорт за самоодбрана.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ