ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДАТА ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

октомври 18, 2023
1 минути

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Б.(58) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“.

На 17.07.2023, пријавениот како ракооводител во АД „Водостопанство на РСМ“ – подружница „Брегалница“ – Кочани задолжил вработени лица да извршат пренасочување на водата од Злетовска река во каналот за наводнување на оризовите полиња, при што не бил оставен проток на вода во реката, а од таквите дејствија дошло до исушување на речното корито и изумирање на растителниот и животинскиот свет

Дневни соопштенија на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ