КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТЕШКА КРАЖБА НА ДРЗОК НАЧИН

декември 26, 2022
0 минути

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.А.(54) и С.С.(63), двајцата од Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во текот на мај и јули 2022 година, пријавените на Градскиот пазар во Кочани одзеле паричници на две лица во кои имало пари, платежни и кредитни картички и лични документи, по што во повеќе наврати од банкомати на две банки извадиле парични средства.

ИЗВОР: Дневни билтени од МВР