Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски ја продолжува соработката со најголемиот донатор на Општина Кочани – Швајцарската Конфедерација.
„Голема благодарност до швајцарската амбасадорка Вероник Улман за поканата на денешниот настан во врска со Програмата за поддршка и развој, 2025 – 2028 година. Уште утре започнуваме постапка за добивање нови донаторски средства кои ќе бидат од големо значење во подобрување на условите на живеење за жителите на Кочани во делот на животната средина“ најави Крстевски.
Со средства од Швајцарија, во кочанското село Мојанци е изградена Пречистителната станица за отпадни води, што е најголемата швајцарска донација досега во Македонија од областа на екологијата, во износ од 23,4 милиони швајцарски франци.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ