МОСТОТ КАЈ ЏАМИЈАТА ОСТАНУВА ДА ГО КОРИСТАТ САМО ПЕШАЦИ

октомври 13, 2022
1 минути

Добро е што надлежните понекогаш го слушаат гласот на народот и реагираат а се во интерес на неговата безбедност.

Имено пред извесен период напишавме дека три моста се асфалтирани но и дека едниот од нив што се наоѓа во непосредна близина на Џамијата (Дуди Ханум) што претходно служеше само за пешаци сега по отстранувањето на столпчињата не се знае дали останува само за пешаци ќе или можат да го користат и возилата.

Дилемата денес е разрешена, од двете страни на мостот се поставени по две метални столпчиња што е знак дека како и претходно останува да го користат само пешаците.

 

С. Ивановски