КРСТЕВСКИ: СОСТОЈБАТА СО ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА Е ТРИУМФ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО РЕГИОНОТ

август 21, 2025
0 минути

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски ја оцени како голема победа за Кочани и Кочанската Котлина состојбата со Градската депонија, која и покрај екстремно високите летни температури летово ниеднаш не се запали.

„Депонијата во Кочани која со години ни го труеше воздухот поради лош менаџмент и го загрозуваше нашето загарантирано право на чист воздух, не се запали ниту еднаш. Чистиот воздух е од клучно значење за сите нас, особено за повеќе од 12.000 наши сограѓани кои се соочуваат со респираторни заболувања. Чистиот воздух значи подобро здравје, полесно дишење и подобар квалитет на живот за секој од нив, како и за сите нас“ истакнува в. д. градоначалникот.

Крстевски додава дека оваа состојба се должи на напорна работа – депонијата е покриена со земја, а шансите за самозапалување се минимални. Тој нагласи дека ќе ги продолжи ангажманите депонијата никогаш повеќе да не биде закана по здравјето и чистотата на  Кочани, кое заслужува враќање на приматот најчист град.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ