КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ДЕКЕМВРИ – СОБРАНИ 43 КРВНИ ЕДИНИЦИ

декември 29, 2022
0 min read

Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани денеска ја реализираше последната крводарителска акција за 2022 година на која крв даруваа 43 хумани дарители.
Редовната акцијата се реализираше со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.


„Црвен крст Кочани ја реализира последната крводарителска акција за календарската година на која крв даруваа 43 хумани дарители. Во годината што изминува реализиравме вкупно 22 крводарителски акции и тоа 12 редовни акции во Црвен крст Кочани, три крводарителски акции во Полициската станица Кочани, две во Општина Зрновци, компанијата „Руен Инокс Автомобиле“ и младински акции како и една во Општина Чешиново – Облешево“, истакна Анета Коцева, секретар на Црвен крст – Кочани.


Од Црвениот крст истакнаа дека и во следната 2023 година според Годишниот план за крводарителски акции планирано е да се реализираат 22 редовни акции. Оттаму се заблагодарија на сите крводарители кои во даруваа крв во 2022 год  со надеж дека следната година ќе има поголема масовност за крводарување.