На 30.06.2026 во 10:20 часот на ул.„Маршал Тито“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Г.Н.(53) од Кочани. При сообраќајна контрола, бил сопрен мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од Г.Н. и по извршени проверки, било констатирано дека тој мопедот го управувал без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител, мопедот бил одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Известување од СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
