ПАДНАЛ ОД МОПЕД И СЕ ЗДОБИЛ СО ТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА

април 14, 2023
0 минути

На 13.04.2023 во 14.38 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 13.30 часот во Кочани, на ул. „Страшо Пинџур“, во близина на место викано „Стришанска чешма“, мопед „томос“ со кочански регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(70) од Кочани, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Јавна здравствена установа Кочани. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Кочани.

ИЗВОР: Дневен билтен на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ