ЛИКОВЕН ПЕРФОРМАНС „ПОДАРИ ЦРТЕЖ ВО ЗАМЕНА ЗА ЦВЕЌЕ“

март 9, 2026
1 минути

Учениците од Училиштето за цртање и сликање при Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани реализираа ликовен перформанс насловен „Подари цртеж во замена за цвеќе“, настан кој ја поврза уметноста со непосредна комуникација со публиката.

Во рамките на перформансот, младите уметници под менторство на Александра Димитрова Стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн НУЦК “Бели мугри”-Кочани создаваа цртежи кои им ги подаруваа на присутните посетители, а за возврат добиваа благодарност и пофалби.

Преку оваа уметничка размена се истакна  идејата дека уметноста е вредност што се споделува и носи радост и инспирација. Посебна вредност на настанот беше фактот што во него активно се вклучија и ученици кои случајно се најдоа на местото на одржување на перформансот. Тие имаа можност да цртаат, да разменуваат цртежи и директно да учествуваат во креативниот процес заедно со учениците од школата, со што настанот доби отворен, интерактивен и едукативен карактер.

Со ваквите активности, Училиштето за цртање и сликање при НУ Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани продолжува да ја поттикнува креативноста кај младите, да ја промовира ликовната уметност и да создава простор за заедничко творење и културна размена во локалната заедница.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ