Денеска (24.07.2026) во 01:40 часот на ул.„Кеј на револуцијата“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода З.С.(53) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, при што било констатирано дека З.С. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Соопштение од СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
