ЛИШЕН ОД СЛОБОДА, ВОЗЕЛ СО 1,75 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА

февруари 23, 2026
0 минути

На 23.02.2026 во 03:30 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода П.П.(23) од с.Лески, виничко.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а возилото е одземено.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Соопштение  од  СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ