СО БРЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТППЕ – КОЧАНИ СПАСЕНО ЛИЦЕТО КОЕ УЧЕСТВУВАЛО ВО СООБРАЌАЈКА

октомври 30, 2021
1 минути

Со беза и ефикасна интервенција на вработените во ТППЕ – Кочани спасено е лицето кое учествувало во сообраќајна незгода.

Име утринава до ТППЕ – Кочани пристигнала дојава дека на влезот во село Грдовци од левата страна во каналот има превртено патничко возило.

Возилото било во канал полн со вода во кое се наоѓало едно лице, па вработените во ТППЕ – Кочани поради специфичноста на местоположбата побарале помош и со користење на земјоделска механизација успеале лицето да го извлечат од превртеното возило.

Иако условите биле тешки, сепак лицето без никакви повреди било успешно извадено и предадено на Медицинскиот тим кој исто така после повикот веднаш дошол на местото на настанот.

С. Ивановски