ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ДВАЈЦА ВОЗАЧИ КОИ НЕ ПОСЕДУВАЛЕ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

април 24, 2026
0 минути

На 22.04.2026 во 10:20 часот на ул. „Маршал Тито“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Т.Д.(45) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршена проверка, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. Т.Д. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 22.04.2026 во 20:55 часот на ул.„Браќа Ставреви“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Ф.А.(21) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршена проверка, било констатирано дека го управувал возилото, без да поседува возачка дозвола. Ф.А. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Соопштение на СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ