Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани се одржа промоција на делото „Опеани спомени“ чиј автор е Блашка Стојкова.

Преубави стихови, пријатни музички нумери и прекрасна и позитивна атмосфера беше дел од промоцијаѕа.

Заслужни за дружењето при промоцијата на делото беа авторката Блашка Стојкова, промоторот Ленче Стоименова, прекрасните ученици кои презентираа стихови и секако, Борче Стоименов кој со прекрасните музички изведби го збогати денешниот настан.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
