ЛИТЕРАТУРНА И ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“

март 12, 2023
1 минути

Почитувани,

Во понеделник, 13 март, во 11 и 30 часот во ЈОУБ „Искра“ ќе се реализира работилница со ученици и нивните ментори од основните училишта од Кочани, Зрновци и Оризари и со средните училишта од Кочани.

Работилницата е дел од одбележувањето на 21 март, Светскиот ден на поезијата кој библиотеката неколку години по ред го одбележува под мотото „ Уметноста на стихот-спонтано прелевање на моќни чувства“.

За 2023 година  Светскиот ден на поезијата го одбележуваме и го посветуваме  во чест на Кочо Рацин, 115 години од раѓањето и 80 години од смртта.

Учениците од литературните секции ќе читаат песни од поетската збирка  „Бели мугри“, а учениците од ликовните секции ќе творат инспирирани од истите.

Изложбата на ликовните дела ќе се реализира на 21 март, Светскиот ден на поезијата, во 12:00 часот, кога со свои изложби и стручни излагања за ликот и делото на Кочо Рацин ќе гостуваат Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес и Локална Установа „Народен музеј“ од Велес.

Со почит,

В.Д. директор

Кристина Ѓорѓиевска  Атанасова

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ