ЛМС – КОЧАНИ СПРОВЕДЕ РАБОТИЛНИЦА ЗА КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ДВЕТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА

ноември 14, 2022
1 минути

Локалниот младински Совет на Општина Кочани во соработка со Здужението на граѓани „Маладите можат“ денеска реализираа тричасовна работилница за кариерно советување за учениците – матуранти од СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“.

 

На работилницата матурантите преку практични примери и вежби добија насоки за правилен избор на својата професија и кариерно унапредување.

Работилницата ја спроведоа интернационално сертифициран GCDF Кариерен советник Славица Тасева од Асоцијација на Советници за Кариера (АСК) и помошник тренер Никица Манџуковски.

Сесијата е дел од годиншната програма за работа н Локалниот младински Совет на Општина Кочани.

ЛМС  –  Кочани