ЛОКАЛНИОТ ПАТ ГРДОВЦИ – ПРИБАЧЕВО ЧЕКА НОВ АСФАЛТЕН СЛОЈ

јули 10, 2022
0 минути

Жителите од село Грдовци прашуваат кога ќе се асфалтира локалниот пат „Грдовци – Прибачево“.

Како што не информираат уште пред нова година асфалтот во нивното село кон Прибачево почнал да се гребе. И кога тие се понадевале дека конечно кратерите по патот ќе станат минато и дека патниот правец кон Прибачево ќе добие нов асфалтен слој наеднаш работите застанале.

Причината не ја знаат бидејќи никој не се вратил за да им објасни зошто работите застанале и дали овој локален пат ќе добие нов асфалтен слој.

С. Ивановски