МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВ ФУДБАЛСКИ БИСЕР

Во Спорт
октомври 22, 2023
1 минути

И додека години наназад „Осогово“ еден од најстарите клубови во Македонија игра во стилот падни-стани (втора лига-трета лига) Македонија се повеќе добива фудбалски бисери кои полека но сигурно стануваат имиња за кои ќе се говори во следните години.

Кочани како општина ја има таа привилегија да последните години во орбитата исфрли три звучни имиња, но како што стојат работите неодамна го добија и четвртиот бисер во кој македонскиот фудбал ќе доби многу.

Јован Манев кој  моментно ги брани боите на хрватскиот прволигаш „Осијек“ е веќе стандарден репрезентативец на Македонија во А селекцијата, Методи Максимов играч на „Шкендија“ од Тетово е стандарден во репрезентацијата на Македонија до 21 година, Андреј Лазаров моментно настапува за хрватскиот прволигаш „Рудеш“ а новиот четврти бисер во таа ниска на „ѓердан“ е Димитар Данев играч на „Работнички“ од Скопје со кого неодамна го потпиша својот прв професионален договор со важност од три години.

Димитар Данев полека но сигурно со многу работа и верба во себе си го трасираше патот во Македонскиот а се надеваме набргу и во Европскиот фудбал. Откако ги помина настапите во Македонската репрезентација до 15, 16, 17 и 18 години сега стигна до У-19 каде селекторот Тони Јакимовски кој препозна во него играч со висок потенцијал му ја даде довербата на неодамнешниот квалификационен турнир што се одржа во Полска.  Особено забележителен беше неговиот настап на натпреварот против Репрезентацијата на Германија на кој Данев ги одигра сите деведесет минути и со настапот го сврте вниманието на големиот број скаути од европските клубови.

Димитар Данев како да е роден за фудбал. Голем радиус на движење добар преглед на игра но и разорен и прецизен шут со двете нозе што е реткост и за фудбалери од повисока класа.   Токму ова се предиспозициите кои скаутите ги внесоа во своите бележници и нема да биде никакво изненадување доколку за кратко време заигра во некоја од големите европски лиги.

Искрено се надеваме дека Димитар Данев ќе ја оправда довербата кај сите оние кои веруваат во него . Па тој е роден за големата фудбалска сцена, затоа и ќе успее.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ