„ОСОГОВО“ ПРЕД ТЕШКО ГОСТУВАЊЕ ВО СТРУМИЦА

Во Спорт
октомври 16, 2021
1 минути

По една седмица пауза поради обврските на Македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за СП во катар 2022 година, денес (Сабота) продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига – Исток.

На програмата е седмото коло во кое „Осогово“ има тешко гостување во Струмица. Сепак кочанските „жолто-сини“ осоколени по победата над „Детонит“ во претходното коло патуваат со доза на оптимизам дека непоразени ќе се вратат во „градот на оризот“.

Во Пехчево се игра регионалното дерби каде домаќинот „Кит Го“ ја пречекува „Слога 1934“. И лидерот на табелата „Каменица Саса“  тргнува по нови бодови во Гевгелија.

Парови од 7-мото коло:

„Беласица“ – „Осогово“

„Кит Го“ – „Слога 1934“

„Кожуф“ – „Каменица Саса„

„Победа“ – „Братство“

„Детонит“ – „Локомотива“.

Натпреварите започнуваат во 14:00 часот.

С. Ивановски