МАЛОЛЕТНИК СЕ ЗДОБИЛ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ ПО СООБРАЌАЈКА ВО КОЧАНИ

септември 21, 2024
0 минути

На 20.09.2024 во 16.46 часот по ОВР Кочани било пријавено дека на крстосница од ул.„Скопска“ и ул.„П.Вељанова“ во Кочани, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.В(33) од Кочани, удрило во велосипед управуван од малолетник од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Кочани. Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Кочани.

ИЗВОР: Дневен билтен на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ