МАТЕЈ ДИВАНИСОВ ПОБЕДНИК НА ШАХОВСКИОТ ТУРНИР „СИЈАРИНСКА БАЊА 2024“

јуни 3, 2024
0 min read

Една од најголемите шаховски надежи во Македонија некогашниот член на Шаховскиот Клуб „Кочани“ а  моментално член на Шаховскиот Клуб „Алкалоид“ од Скопје Матеј Диванисов е победник на шаховскиот турни „Сијаринска бања 2024“ кој во организација на ШК „Горња Јабланица“ се одржа во Сијеринска бања во областа Медвеџа (Србија).

Матеј настапи во групата шахисти до десет години и имаше импресиониран настап, по седумте одиграни партии освои 6,5 поени и убедливо стигна до златниот медал и победничкиот пехар.

Освен Матеј Диванисов забележителен настап на турнирот, имаше и Илијана Велева од Свети Николе, исто така член на ШК „Алкалоид“ – Скопје која настапи во категоријата до 20 години и со освоени 5,5 поени од 7 партии стигна до второто место.

Освоените медали и настапот на двајцата е за поздравување, а како што велат шаховските експерти доколку продолжат да работат и понатака нема да биде никакво изненадување ако за мошне краток период се вивнат во светските шаховски височини.

С.  Ивановски

Фотографиите позајмени од Свети Николе и Лозово Шах

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ