МЕХАНИЗАЦИЈАТА НА ТЕРЕН, СПРЕЧЕНО ПОПЛАВУВАЊЕ НА ДОЛНИ И ГОРНИ ПОДЛОГ

ноември 28, 2025
1 минути

По обилните врнежи од дожд, поради зголемен водостој, селата Горни Подлог и Долни Подлог беа под закана од поплава поради излевање на водите од околните канали.

 

Директорот на КЈП „Водовод“ Дејан Анакиев во координација со екипи од Општина Кочани излегоа на терен, интервенираа со механизација и спречија излевање и поплавување на селата Горни и Долни  Подлог.

Екипите остануваат во мобилна состојба, бидејќи водостојот на вештачките акумулации расте – браните Гратче и Калиманци се на прелив.

Општина Кочани апелира жителите на овие села да ги исчистат одводните вади и канали пред своите домови.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ