ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПОРАДИ ПОВРЕДА НА ТАЈНОСТА НА ГЛАСАЊЕТО

ноември 2, 2021
1 минути

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.М.(67) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторeно кривично дело „повреда на тајноста на гласањето“.

На 31.10.2021 во 10.45 часот, додека го остварувaл своето гласачко право на локалните избори на избирачко место 0835 во Кочани, јавно ѝ кажал на својата сопруга кој број да го заокружи, а откако бил предупреден од Избирачкиот одбор, јавно кажал за кој број гласал.

ИЗВОР:  Дневни билтени на МВР