Денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани се одржа 23-тиот Општински натпревар „Млади библиотекари 2024“ на кој зедоа учество девет ученика од основните училишта во Општината заедно со нивните ментори; Гордана Јефтимова, Катерина Лазаровска и Соња Митева.
По прегледувањето на тестовите комисијата ги соопшти најуспешните. Првото мести и припадна Мелани Манасиева ученичка од ОУ „Св. Кирил и Методијј’ – Кочани, второпласирана е Ана Саздова, ученичка во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари а на третото место се пласираше Иларија Цветкова, ученичка во ОУ „Никола Карев“ – Кочани.
Првопласираната Мелани Манасиева ќе ја претставува Општина Кочани на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи на 21 мај, а домаќин ќе биде Библиотека „Тане Георгиевски“ од Куманово.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ