Миле Лефков од Коалицијата „Твоја Македонија“ – ВМРО ДПМНЕ е единствениот пратеник кој ќе го претставува Кочани во новиот парламентарен состав по вчера одржаните двојни Избори во Република Македонија и убедливата победа на Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.
Во Кочани вчера народот одлучи да им ја даде довербата на Гордана Силјановска Давкова за Претседател и на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ за членови на новиот парламентарен состав во Собранието на Република Македонија.
По објавените резултати од ДИК (Државна Изборна Комисија) во Кочани во вториот круг за Претседателски избори Гордана Силјановска Давкова доби 11.855 гласа, додека Стево Пендаровски 4.515.
За Парламентарните избори убедливо најмногу гласови доби Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ 9.760 гласа, пред СДСМ 3.689, ЗНАМ 1.430 и Левица 1313 гласа.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ