МИРНА НОВОГОДИШНА НОЌ ВО КОЧАНИ

јануари 1, 2023
0 минути

Новата 2023 година кочанчани ја дочекаа во Градскиот парк со организиран новогодишен дочек, добра забава и музика со музички групи и новогодишен огномет.

На првиот ден од 2023 година, дежурните екипи од Територијалната противпожарна единица и Полициската станица во Кочани информираа дека на преминот од 2022 во 2023 година, Кочани имаше мирна новогодишна ноќ и нивните дежурни екипи поминале без интервенции и проблеми.

Градоначалникот Љупчо Папазов на сите граѓани им посака Новата 2023 година да им донесе добро здравје, просперитет, среќа и новогодишни празници пречекани во мир и благосостојба.

Општина  Кочани