НОВА ГОДИНА СО СТАРИ ПРОБЛЕМИ, СЕ РАЗБУДИ ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

јануари 3, 2023
0 минути

Само што зачекоривме во новата година во која очекувањата се дека ќе биде многу подобра од минатата која во многу сегменти од животот беше доста турбулентна, но за жал новата година прво ни ги донесе старите проблеми.

Градската депонија повторно се запали. По неколку седмици „спиење“ се разбуди и повторно почна да испушта црн густ дим.

Вчера на социјалните мрежи се појавија и првите коментари, но во минатото се покажа дека од коментирање нема фајде.

Факт е дека градот е во магла која им задава проблеми на дел од населението, но факт е и дека депонијата повторно се запали и заедно со фабриката во „Стара индустрија“ продолжува да го уништува здравјето на кочанчани.

Каде е, и кое е решението?

С. Ивановски

Благодарност до Горан Лефков за фотографиите