РЕШЕН ПРОБЛЕМОТ НА СТАНАРИТЕ ОД ЗГРАДАТА КАЈ „ГРАДСКАТА АПТЕКА“

ноември 14, 2023
0 минути

По објавата на писмената реакција од наши сограѓани под наслов „Започнато а недовршено“ следуваше експресна реакција од надлежните по што сега веќе како што истакнуваат немаат проблеми при врвењето на дожд. Реакцијата беше од страна на станари што живеат во зградата кај „Градската аптека“ кои денес ни упатија нова објава во која се вели:

„Сакаме да упатиме голема благодарност до вашиот портал како и до Општина Кочани што го реши проблемот кој ни предизвикуваше тешкотии особено во време на врнежи од дожд. По објавата на нашиот допис на вашиот портал, општината имаше слух и ја заврши работата, се асфалтира делот од улицата, се постави одводна решетка која претходните денови кога имаше дожд се покажа како одлично решение и немавме никаков проблем со надојдената вода“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ