Двомесечниот резиденционален престој во Париз ликовниот уметник од Кочани Марија Мицова Гацова го искористи да се претстави на уметничката јавност во „градот на светлината“ со својот Мултимедијален проект „Дата база“
Проектот кој беше претставен во Меѓународниот резиденционален центар во Париз беше избран на Годинешниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година од областа на меѓународната дејност.
На самата изложба Гацова изложува инсталација од цртежи, принтови од мемориски предмети, инсталација во техниката papier maché и видео кое го документира целиот процес на творење. Самата изложба произлегува од истражувањата нна уметникот за комплексноста на меморијата составена од генерациски налседени податоци, стекнати информации и нивната употреба во социјално-културен контекст.
Двомесечниот престој во Париз на Марија Мицова Гацова и поставувањето на изложбата е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.
Самата изложба „Дата база“ беше претставена на љубителите на уметноста во Кочани на 08.Ноември 2022 година.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ