Традицијата продолжува. Годинава по 23 пат во организација на ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани во салата на НУ ЦК „Бели Мугри“ ќе се одржи традиционалниот новогодишен музички концерт.
Под мотото „Музичката работилница на Дедо Мраз“ на сцената ќе се појават 180 „џуџенца“ и „џуџиња“ кои вредно ќе работат за да ги забавуваат сите присутни ви салата.
Концертот ќе се одржи на 25 и 26 декември а секој ден ќе има за граѓаните по две претстави од 17:00 и од 19:00 часот.
Од ООМУ „Ристо јуруков“ ве очекуваат на заедничка дружба на Највеселата предновогодишна забава.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ