НА ИЛИНДЕН, ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР КАЈ ЦРКВАТА „СВ. ИЛИЈА“ ВО БОЧВЕНЕЦ

јули 31, 2024
1 минути

По повод големиот празник „Илинден“, на ден 02.08.2024 година (Петок) Црковниот одбор при манастирската црква „Св. Илија“ во Бочвенец (Кочанско) Ве поканува на црковно-народен собор.

Целта на соборот е на празникот Илинден да соберат на едно место православните верници и наши иселеници да разменат искуства како и да се соберат донации за понатамошно доопремување и конечно осветување на црквата „Св. Илија“.

Обезбеден е превоз со комбиња од „Тасим Компанија“ а за културно забавниот дел ќе се погрижи ансамблот „Оризари“.

Ве очекуваме

Од Црковниот одбор при

Манастирска црква

Св. Илија

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ