Со навремена интервенција на четири пожарникари со две возила од ТППЕ – Кочани денес беше спасен објект во близина на село Соколарци.
Од запалено стрниште почнала да гори сува трева и нискостеблеста шума по што пожарот се приближил до објект кај селото Соколарц, но сепак со интервенција на противпожарната служба од Кочани, пожарот најпрвин бил ставен под контрола а потоа изгаснат.
Од ТППЕ – Кочани по кој знае кој пат апелираат да не се пали огин на отворено бидејќи на овие високи температури истиот брзо се ѓири и може да предизвика пожар со големи последици.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ