Во согласност на станарите од блокот А во Градскиот Трговски центар во Кочани а по повод новите градби на платото од источната страна кое е во сопственоста на станарите, денес Венко Крстевски поднесе најпрвин пријава до Градежните инспектори во Општина кочани која гласи:

До: Градежен инспектор Николчо Гоцев и градежен инспектор Љупчо Стаменков Општина Кочани
Предмет: Пријава за итно постапување поради бесправна градба
Почитувани, Со оваа пријава Ве известувам и воедно Ве замолувам за итно постапување поради сомнеж за бесправна градба на потегот кај Градски трговски центар – Блок А, на улица „Димитар Влахов“ Кочани, каде што беа отстранети пицериите, катастерска парцела 12231.
Имено, на наведената локација се изведуваат градежни активности за кои постои основано сомнение дека се одвиваат без соодветна градежна дозвола, односно спротивно на важечките законски прописи согласно Закон за градење. Активностите предизвикуваат загриженост кај жителите и минувачите, како од аспект на безбедност, така и од аспект на урбанистичко уредување.

Барам:
- Да извршите итен увид на лице место
- Да утврдите дали постои валидна документација за градба
- Да преземете соодветни мерки согласно законските надлежности
Прашувам:
– Дали поставување на тенда или настрешница е согласно програмата за урбана опрема?
– Дали за поставување на тенда и настрешница Општина Кочани има издадено соодветно решение/одобрение и доколку нема на кој начин се поставуваат?
– Дали за поставување на тенда или настрешница е потребна согласност од повеќе од 50 проценти од сопствениците и дали таа е обезбедена?

Барам за извршениот увид на лице место и констатацијата со записник да ми биде доставена на адреса: Димитар Влахов А3/13 Кочани и на е-меил: [email protected].
Доколку утврдите дека градбата е нелегална барам уште веднаш да ја стопирате, во спротивно ќе биде поднесена соодветна кривична пријава согласно кривичниот законик. Дали е ова ,,џентлменскиот”договор и дали безредеието продолжува?
Нема да прекинам додека Општина Кочани не почне законски да постапува.

Со почит, Венко Крстевски
Дата: 30.03.2026
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
