ПРИ ПРОВЕРКА НА БАНКНОТИ ОД 100 АВСТРАЛИСКИ ДОЛАРИ ОТКРИЕНО ДЕКА НЕКОИ БИЛЕ ЛАЖНИ

март 10, 2023
1 минути

На 09.03.2023 во 12.03 часот во СВР Штип било пријавено дека во менувачница во Кочани, М.К.(56) од с.Чешиново, општина Чешиново Облешево, за проверка донел повеќе банкноти од 100 австралиски долари, при што вработениот се посомневал дека пет од банкнотите се лажни.

Полициски службеници од ОВР Кочани ги одзеле банкнотите, а со М.К. бил извршен службен разговор во полициска станица.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Соопштение  од  СВР  Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ