ВО САБОТА ВТОР МЕМОРИЈАЛЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР „ТОДОР МИЛОСИЕВ – ТОШО“

Во Спорт
април 19, 2023
1 минути

Во организација на Шаховскиот Клуб „Кочани“ а со помош на Општина Кочани во сабота (22 април) со почеток во 11:00 часот ќе се одржи Вториот Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“ во знак на сеќавање на една од најголемите шаховски легенди во Кочани инаку долгогодишен активен шахист а подоцна и Претседател на шаховскиот клуб кој остави длабоки траги во оваа древна игра во Кочани и пошироко.

Сите заинтересирани љубители на шахот кои имаат желба да учествуваат на турнирот пријавувањето можат да го остварат на телефонскиот број 078-665-846 кај лицето Владимир Мицов најдоцна до петок до 18:00 часот.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ