НОЌНИ ЛУДОРИИ, НОВА ГЕРИЛА АКЦИЈА ВО ГТЦ

декември 3, 2022
0 минути

Ноќните лудории на поединци или на група уличари продолжуваат а без некој да се обиде тоа да го спречи.

Апелиравме на поставување камери но никако да се одвојат барем малку сума на средства во буџетот за да почне да се заштитуваат заедничките добра.

Пред малку ги добивме овие фотографии на кои јасно се гледа дека мермерните решетки во трговскиот центар се оштетени. Дали поединци скокале или некое возило по традиција влегло на овој простор не знаеме, но факт е дека штетата е направена а истата ќе ја платат жителите на Кочани.

Е за да не биде така надлежните нека побараат помош од блиските трговски дуќани кои имаат поставено камери, да го најдат сторителот и тој да ја плати штетата, секако доколку не е „некој“.

С. Ивановски