НАЈАВА ЗА МЛАДИНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

декември 2, 2022
1 минути

Црвен крст на Република С. Македонија – Општинска организација Кочани, за во вторник, 6 декември 2022 год. во Салата во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани ќе ја спроведе планираната Младинска акција за дарување на крв.

Младинската акција е наменета за учениците и вработените во СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“ како и за студенти и млади лица.

– Акцијата се реализира во рамки на Годишниот план за крводарување на Црвен крст Кочани за 2022 год. Младинската акција се реализира со заедничка поддршка на двете средни училишта од Кочани и е наменета за учениците и вработените во училиштата, како и за сите млади лица и студенти од општините. Акцијата е закажна за во вторник, 6 декември 2022 год. со почеток од 9 до 13 ч. во Салата во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани – истакнаа од Црвен крст Кочани.

Оттаму ги поканија сите средношколци над 18 години, студенти и млади лица, да се вклучат во акцијата и со хуман гест на крводарување да придонесат во обезбедување на доволно количество на крв и крвни продукти.

Црвен крст Кочани во соработка со двете средни училишта во текот на календарската година спроведува две младински крводарителски акции, најчесто напролет и наесен.