Овие фотографии се од Детското игралиште кое неодамна беше пуштено во употреба а се наоѓа на северната страна во „Паркот на Револуцијата“.
Жителите што живеат во непосредна близина на детското игралиште како што истакнуваат во доцните вечерни часови имаат проблем со младите кои го користат за како што истакнаа т,н, изживување.
„Не знаеме кому веќе да се обратиме. Овде се собираат млади луѓе, и момчиња и девојчиња кои пијат алкохол и викаат на сиот глас до раните утрински часови. Бараме помош од надлежните но никој не го интересира што се сé прави во градот. Ако ги опоменеме бидејќи немаме навистина мир тие со вулгарности ни се обраќаат. Не чуди најмногу дали тие деца имаат родители и ако имаат дали тие се имаат запрашано каде се и што се прават нивните деца се до раните утрински часови. Погледнете ги фотографиите и се ќе ви биде јасно. Сакаме еве јавно да ги прашаме надлежните што ќе се случи и како ќе реагираат и родителите на децата доколку ние излеземе и сами го решиме проблемот. Уверени сме дека тогаш нас ќе не осудуваат“ ни изјави нашиот сограѓанин.
За овој парк се потрошија наши средства, на жителите на Општина Кочани, собрани преку плаќање на даноците. Дали имаат право граѓаните да реагираат или и овој проблем кој постојано се повторува повторно ќе се стави под тепих?
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ