Само три дена по авто-нокаутот што самите си го зададоа делегатите на Генералното Изборно Собрание при ОФС – Кочани кога избраа едногласно делегат што ќе ги застапува во УО на ФФМ кого ниту го познаваа ниту беше присутен, кога денес нова брука кога е во прашање фудбалот во Кочани.
Имено по двата контролни теста и двата пораза (Каменица Саса 0:1 и Аеродром 1:2) „Осогово“ денес требаше да го одигра третиот контролен натпревар проти екипата на „Детонит Плачковица“ од Радовиш.
Гостите допатуваа на стадионот „Никола Мантов“ и кога видоа на каков терен треба да играат, се свртеа назад и си заминаа. Никој не сака да игра на ваков терен на кој постои опасност да се повредат играчи.
Новите промени во клубот требаше да донесат и нови ветрови, но како што сега стојат работите се останува по старо. Главниот терен кој наместо да го користат само сениорите на „Осогово“ и сениорките на ЖФК „Кочани“ на него тренира кој како ќе стигне и истиот е во многу лоша состојба, соблекувалните се катастрофа, така да ако не се нешто преземе до почетокот на првенството тешко дека стадионот „Никола Мантов“ ќе добие дозвола да биде домаќин на второлигашки екипи.
На стартот на подготовките укажавме за очајната состојба на теренот но на почетокот никој ништо не презеде за да откако падна снегот се застана.
Сепак, дознаваме дека откако снегот го снема на теренот, сите нерамнини се потполнети, фрлено е ќубре и трева нешто што претходните повеќе од пет гдини не е направено и дека сега се чека теренот да се извалира со што ќе бидат значително подобри условите.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ