Во пресрет на првиот пролетен натпревар на „Осогово“ како домаќини во Трета Фудбалска Лига – Исток, во подтрибинскиот простор ЗГ „Никола Мантов“ на младинските категории на ГФК „Осогово“ донираше 100 мошне квалитетни маици со логото на клубот а уште 20 се на печатење а ќе бидат наменети за тренерите и другите структури во еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија.
Ако пред една седмица на голманите на младинските категории им беа донирани три пара мошне квалитетни професионални ракавици од германско производство, сега со оваа донација сите категории ќе бидат облечени во иста опрема што е одлика на организиран клуб.
Респект до луѓето од здружението „Никола Мантов“ за се што прават за младинските категории на „Осогово“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ