ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ – ВО КОЧАНИ ЕКИПАТА НА „РЕЧИЦА“ ЗА КЛАСА ПОДОБРА

Во Спорт
март 11, 2023
1 минути

Се одиграа четири од петте натпревари од 14-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Во Кочани најавениот дерби натпревар од екипите кои грчевито се борат за зачувување на прволигашкиот статус повеќе од заслужено го добија девојките од „Речица“ кои покажаа во моментот дека најмалку за класа се подобра екипа од „Кочани“.

Уште на самиот почеток се виде дека гостите се дојдени до трите бода но првата шанса за гол ја имаа кочанчанки откако судијата Ибраими Бардахиљ во 8’ досуди пенал во нивна корист, но гостинскиот голман Анѓела Стојановиќ со прекрасна интервенција ја сочува својата мрежа. По неколку пропуштени шанси за гол сепак во 30’ „Речица“ поведе а стрелец беше  Емили Матковска која го постигна третиот гол во 77’. Останатите два гола се дело на Анѓела Петковска во 71’ и 84’.

Очигледно е дека на „Кочани“ во моментот му недостасуваат 2-3 квалитетни играчи а со овој потенцијал не му бега експресното враќање во Втората Фудбалска Лига за жени.

Во останатите натпревари дерби на колото се одигра во Струга и истото заврши без победник, додека на останатите две средби во Струмица и Македонска Каменица домаќините беа тие кои ги освоија планираните три бода.

Резултати од 14-тото коло:

„Кочани“ – „Речица“  0:4

„Ас Јунајтед“ – „Љуботен“  2:2

„Тиверија“ – „Деспина“  4:2

„Каменица Саса“ – „Скопје 2014“  30

„Шкендија“ – „СЦ Истатов“- се игра во недела

Слободна во ова коло беше екипата на „Борец

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ