И покрај големиот број на апели да се престане со палењето на полските стрништа, полското лајд-шоу и денес продолжи.
Две возила и пет пожарникари неколку часови мака мачеа како да го гаснеа огинот во нивите во атарите на селата Грдовци, Мојанци а и во Општина Зрновци.
Тактиката на земјоделците и овој пат вроди со плод, на подол начин ги палат стрништата и бегаат од местото на настанот при тоа не помислувајќи за последиците доколку тој се прошири повторно на големи површини и заврши во куќите на периферијата од селата.
С. Ивановски