НОВА ПОБЕДА НА „БАСКЕТ ДИНО“ ВО ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК

Во Спорт
февруари 13, 2022
1 минути

Победоносниот од на кошаркарите на „Баскет Дино“ продолжува и во Трета кошаркарска лига – Исток. Овој пат совладана е екипата „Крива Паланка“ на гостински терен со убедливи шеснаесет поени разлика 63:79.

Кочанчани за време на целиот натпревар беа подобри од мотивираната екипа на домаќините за што сведочи и резултатите по четвртини (18:23, 12:18; 17:20; 16:18).

Сите играчи на кои тренерот Александар Диванисов им ја укажа довербата го дадоа својот максимум, но овој пат сепак мора да се истакна одличната игра на Филип Илијев кој забележа трипл-дабл, односно 12поени, 11 скока и 10 асистенции што го промовираше во играч на натпреварот.

Победничката приказна продолжува

С. Ивановски