ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО ВО ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ 2023

Во Спорт
јуни 21, 2023
1 минути

Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал, го продолжува рокот за пријавување на фудбалските екипи до понеделник, 26 јуни 2023 година, кога ќе се одржи и ждребувањето за утврдување на распоредот на екипите учеснички на турнирот.

Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на сметката на ОФС Кочани – 210041087870107 и да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.

Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани  или од официјалната веб-страница  www.kocani.gov.mk.

Ждребувањето ќе започне во 12 ч. во салата на Советот на Општина Кочани (Венчална сала).

Првата награда е во износ од 60.000 денари, втората од 30.000 и третата – 15.000 денари.

Дополнителни информации на телефоните: 077 881 346, 072 265 402.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ